Телото на починатиот син го чувала во куќата два месеци: Пејачката во своите мемоари открива бизарни детали за својот живот
По смртта на Лиза Мари Присли, нејзината ќерка Рајли ја заврши книгата што пејачката ја пишуваше и откри многу детали за животот на ќерката на легендарниот Елвис Присли.
Лиза Мари Присли, американска пејачка и композиторка и ќерка на познатиот Елвис Присли, почина во јануари 2023 година, а малку е познато дека пред нејзината смрт почнала да пишува мемоари.
Тие сега се комплетирани од нејзината ќерка Рајли Кеу и објавени под наслов „Од овде до големото непознато“, а книгата содржи многу шокантни детали за животот на ќерката на Присила Присли и кралот на рокот.
Лиза Мари се наврати на многу интересни епизоди од нејзиниот живот, вклучувајќи го и мистериозниот брак со Мајкл Џексон, и откри еден бизарен факт - дека телото на нејзиниот син Бенџамин го чувала во куќата два месеци откако тој починал.
Бенџамин си го одзел животот на 28-годишна возраст, а Лиза Мари, како што истакнала во тогашната изјава за медиумите, била „целосно со скршено срце, неутешна и целосно уништена“.
Зошто ќерката на Елвис го чувала телото на нејзиниот син два месеци во куќата?
Во своите мемоари таа пишува дека неговите останки ги чувала два месеци на сув мраз, во спална соба во гостинска куќа на нејзиниот имот во Лос Анџелес.
-Во сојузната држава Калифорнија не постои закон според кој некого треба веднаш да закопате – напиша таа.
Во книгата, Рајли ја објаснила одлуката на нејзината мајка велејќи дека Лиза Мари сакала „доволно време да се збогува“ со својот син, како што тоа го направила со нејзиниот татко Елвис Присли.
По смртта на музичарот, неговиот отворен ковчег бил чуван во имотот Грејсленд два дена, пред да биде погребан.
- Ќе дојдев до местото каде што лежеше во ковчегот само за да бидам со него, да го допрам по лицето, да го држам за рака и да разговарам со него - напишала Лиза Мари. – Го прашав: „Зошто се случува ова? Зошто го правиш ова?“
Таа објасни дека не знаела што да прави со сета тага што ја чувствувала, но дека тоа и помогнало да го има телото на Елвис во куќата.
-Фактот што татко ми беше во куќата по неговата смрт беше неверојатно корисен бидејќи можев да поминувам време и да разговарам со него - додаде таа.
Фото: Принтскрин/ ЈутјубИзвор: Glossy.espreso.co.rs