Бремените со термин за породување во коронавирус

Добивај вести на Viber

Раѓањето е еден од најстресните настани во животот на секоја жена за кој никогаш не можете да бидете подготвени, особено во време на пандемија. Количината на вести на кои сме изложени секој ден заради ширењето на инфекција со коронавирус во сите делови на светот не може да остави никого рамнодушен, но не треба да се паничи. Научниците веруваат дека бремените жени не се повеќе подложни на коронавирусот отколку остатокот од населението, но треба да се придржуваат кон пропишаните мерки за да избегнат социјални контакти.

Препорачливо е да се искористат седмиците пред раѓањето за да изготвите план за раѓање, план во кој може да ви помагаат професионалци (од статии од интернет), како и бројни книги и специјализирани портали за бременост. Кога се чувствувате уморни, забавувајте се со работи што ве прават среќни, како гледање на омилената серија, готвење или преку онлајн разговор со пријателите .

Во последните недели од бременоста, потребно е почесто да се оди на преглед кај својот матичен гинеколог, што може да биде особено стресно за мајките што чекаат. Медицинскиот персонал спроведува дополнителна заштита од инфекција, но претпазливоста никогаш не е доволна. Пред да дојдете на преглед, проверете го времето на вашиот телефон точно за да го скратите непотребното чекање во преполните болнички ходници. Не прегрнувајте други луѓе и темелно измијте ги рацете или по прегледот дезинфицирајте ги со алкохол.

Како што се приближува вашиот термин за раѓање, подгответе торбичка за породилно со најважните работи за себе и за вашето бебе, за породилните болки да не ве фатат во незгоден момент. Поради пандемијата со коронавирус, надлежните забранија посети на гинекологија, затоа бидете подготвени да бидете сами во овие важни моменти.

По породувањето, веднаш започнете со доењето за да се осигурате дека вашето бебе добива доволно хранливи материи и природно ќе се штити од вирусот. За време на вашиот породилен престој, обидете се да се договорите со вработените да не бидете сместени во пренатрупана просторија со пациенти. Побарајте двокреветна просторија која обезбедува приватност. Престојот во болница ја зголемува можноста од инфекција, па затоа по породувањето треба да се консултирате со вашиот лекар за да ве пуштат дома што поскоро, нормално доколку за тоа лекарот смета дека е добро. Во зависност од видот на породувањето, без разлика дали станува збор за природно раѓање или царски рез, останувањето во вашиот дом во овие времиња ќе го забрза вашето закрепнување и ќе ве спаси од несакани здравствени компликации. Откако ќе се вратите дома, обидете се да избегнете прослави или семејни собири додека не престане ширењето на инфекцијата.

Раѓањето и почетокот на родителството е предизвик во секое време, особено кога сте во изолација и се одделувате од вашите најблиски. Обидете се да го намалите стресот, да го заштитите вашето физичко и ментално здравје и да уживате во првите денови со бебето.

Бременост и кaфе: Што треба да знаеме