ТЕШКО Е ДА ЈА ОСВОИТЕ, А УШТЕ ПОТЕШКО ДА ЈА ЗАДРЖИТЕ: Девојката во овој хороскопски знак не може без флерт и забава!

Добивај вести на Viber

Овој хороскопски знак во женскиот род е доминантен. Таа ужива во флерт, добра забава и лудување...

Се работи за жената Близнак.

Не поднесува ласкање.

Иако повеќето жени по природа сакаат ласкање, кај оваа жена може да создадете контра ефект. Тие не го поднесуваат овој вид на коментари, а причината е тоа што веќе се доволно сигурни во себе. Секако искрени пофалби секогаш со задоволство доаѓаат.

Посакувана е, но ...

Нејзе прва ќе ја забележите во толпата, а освен што предизвикува внимание со изгледот, жената Близнак обожава да флертува. Тоа за неа е сосема нормален начин на функционирање. Токму поради тоа кај партнерот не носи сигурност. Сепак, нема потреба за страв од неверства, бидејќи ако ја освоите, таа ќе ви се предаде целосно.

Ја привлекуваат спротивности

Жената Близнак обожава да биде гласна, и често е најгласна во друштвото. Тие се енергични, забавни и темпераментни, но имаат во предвид дека ги привлекуваат спротивности. Неретко, тие ќе „одлепат“ за некој срамежлив тип кој е спротивен на неа.