ТИ СИ ТАА
Оваа колумна ќе биде кратка.
Зашто, ова не е време за читање, ова е време за славење и почитување на Животот.
Животот што тече низ тебе, животот што се реализира и преку тебе.
Нема да споделувам за моите главни лекции, трансформации, успеси и тешкотии од годинава што завршува, нема да давам совети, да раскажувам приказни, да споделувам мои искуства и размисли, да посакувам желби...
Овде само кратко ќе пишам: Браво!
Браво за се’ што
помина годинава, иако и самата не знаеше дека е можно.
Браво за се’ што издржа и за се’ што креираше ново.
Со ова писмо те
потсетувам дека нема друга како тебе.
Сите сме единствени, уникатни примероци.
Секогаш кога ќе
се прашаш – кој ќе ми помогне? Кој ќе се грижи за мене? Кој ќе ме сака
најмногу? Кој ќе побара помош за мене? Кој ќе вложува во мене? Кој ќе ме води
напред? Кој ќе каже што е добро за мене? Кој ја знае вистината за мене?
Секогаш одговорот ќе биде ТИ СИ ТАА.
Секогаш кога ќе се прашаш – која сум јас да кажам, да барам, да сонувам, да создадам, да успеам, да направам разлика во светот?
Секогаш, одговорот е – ТИ СИ ТАА.
Ти си таа.
Нема друга како тебе.
Нема некој што може на истиот начин да биде придонес за светот, да биде таква форма низ која Животот ќе се реализира на планетава.
Биди ТАА и во 2021.
Ирена Јакимова, Професионален обучувач за возрасни и тренер (coach), ментор за личен и професионален развој
Inspirit Coaching