ТИЕ ГО МЕНУВААТ СВЕТОТ: Заработуваат грижејќи се за животната средина

Фотографиите кои ги објави женската непрофитабилна организација Lensational откриваат приказни за жените во Африка кои заработуваат за парче леб грижејќи се за животната средина.

Рециклирана пластика

Во Акра, главниот град на Гана, водата може да се купи, но се продава во пластични кеси кои ја преплавуваат средината. Ja Sule (45) собира употребени кеси од улица и секој ден полни пет големи торби. 

Ѓубрето потоа го продава на компанија која рециклира, а со парите ги издржува децата и внуците. Вели дека ѝ е драго што може да допринесе во решавањето на проблемот со вишокот пластика во нејзиното родно место.

Од рециклираните кеси се прават кабаници и слични производи.

Бисери за спас

Жените од Масаји изработуваат бисери во националниот парк Амбосели во Кенија. Со дел од парите кои ги заработуваат од продажбата купуваат светла со кои ги предупредуваат дивите животни на опасност од ловџиите.  

Во оваа област, жените се традиционални чувари на стоката и поради тоа се грижат и за дивите животни. Жената на оваа фотографија е членка на специјалниот тим кој соработува со Меѓународниот фонд за доброто на животните (IFAW).

Сите фотографии се дел од книгата „Шумата која ја делиме“ (Our Shared Forest), која ја објави невладината организација Lensational.

Извор: BBC на српски

Фото: Our Shared Forest / Lensational