Тие се најпознатите природни убавици и непобедлива конкуренција на вештачкиот изглед: На ова листа сместивме и наша дама и една Србинка чија убавина доби светско признание

На светската јавна сцена има жени кои ја бранат природната убавина, ги прифаќаат годините и јасно им кажуваат на сите дека нема ништо посилно од она што ви го дала природата.

Секој пример е повеќе од убедлив доказ за тоа.


Кристи Тарлингтон


Познатата манекенка Кристи Тарлингтон не ги крие брчките кои ја прават уште поубава жена. Со оглед на влијанието што го има врз јавноста ширум светот, оваа појава испраќа важна порака.

Моника Белучи


Познатата Италијанка Моника Белучи не подлежи на стандардите за вештачка убавина. Внимателно се грижи за својата убавина, на која и се восхитуваат уште од мала. Тоа го прави и денес.

Рис Витерспун


Актерката Рис Витерспун порасна на малите екрани. Таа ја брани честа на природната убавина во време кога од сите страни се промовираат „вештачки“ лица, имуни на годините како стандарди за убавина.

Џулијан Мур

Таква каква што е, актерката Џулијан Мур го заслужи епитетот на светска убавина. Таа и сите жени на оваа листа не губат вакви титули дури и кога вештачките убавици се само навидум сериозна конкуренција.

Шерон Стоун

„Има многу врвни пластични хирурзи кои со години се обидуваат да ги фатат рацете на моето лице. Не можам ни да избројам колку пати ми понудиле лифтинг во последните десет години. Тоа секако е спротивно на Хипократова заклетва и не е во ред“, рекла таа еднаш. Шерон Стоун во книгата „Убавината на живеењето двапати“ напишала: „Докторот ми го смени телото, без да ме праша дали се согласувам или не се согласувам на тоа. Се разбудив од анестезија, земав ги симнав завоите и сфатив дека градите ми се за една големина поголеми. Докторот ми рече дека мисли дека толку големата града „подобро оди со обемот на колковите“.

Нејзиното лице сè уште е симбол на природната убавина.

Енди Мекдауел

„Седата коса е толку убава, а не нешто што треба да се крие по секоја цена“, ова е пораката што ја испрати актерката Енди Мекдауел, а сигурно ќе забележите дека таа и сите овие дами не ги претставуваат наметливо стандардите на природната убавина, туку тоа го прават со стил.

Слобода Миќаловиќ-Ќетковиќ

На листата се најде и српската актерка Слобода Миќаловиќ-Ќетковиќ, која пред неколку години се најде на листата на најубави жени во светот на американскиот портал „Beautiful women pedia“.

Ирена Спировска

Од нашите дами, на оваа листа ја додадовме водителката Ирена Спировска. Таа е дама која достоинствено и со гордост ги носи годините, но и жена која внимава на својот изглед и која е препознатлива по нејзината црна кадрава коса.


Фото: Инстаграм