Тие се неразделни: Новата девојка на Бил Гејтс е големо изненадување за светот (ФОТО)

Минатиот месец тие беа видени како заедно го гледаат финалето на Австралија Опен во во Мелбурн

Се шушка дека еден од најбогатите луѓе во светот е во врска со Пола Херд (60).

Како што пренесуваат странските медиуми, Бил Гејтс (67) си нашол нова љубов, а тоа е вдовицата на поранешниот директор и претседател на Оракл Марк Херд, Пола.

„Тие се неразделни“, пренесува Daily Mail.


Познато е дека дипломирала на Универзитетот во Тексас во Остин со диплома за бизнис администрација во 1984 година. Таа беше извршен директор на NCR во 1990 година, кога се омажи за нејзиниот покоен сопруг, и тие имаат две ќерки, Кетрин и Кели.

Минатиот месец, Пола и Бил биле видени како заедно го гледаат финалето во сингл за мажи на Австралија опен во Мелбурн.


ФОТО: ТВИТЕР