Тие живеат на село, доста им е: Скандалозна изјава на Дарко Лазиќ за алиментацијата на децата

Фолк пејачот Дарко Лазиќ се сретна со својата поранешна партнерка Марина Гагиќ во Основниот суд во Рума, каде се одржа второто рочиште по нејзината тужба за старателство и алиментација за нивниот син Алексеј.

Тие двајца наводно не можеле да се договорат за висината на алиментацијата, па Гагиќ изјавила дека пејачот издвојува двојно повеќе пари за својата ќерка Лорена која ја има со Ана Севиќ.

Тоа го потврди и пејачот Дарко, пренесува „Блиц“:

„Ана за Лорена добива 50.000 динари бидејќи живее во градот, каде што животот е многу поскап. Марина, пак, е на село и има далеку помали трошоци па ѝ се доволни 25.000. Алексеј е мал и не му требаат повеќе пари, барем додека не тргне на училиште“, рече пејачот и додаде дека Марина „последниве недели му прави пекол од животот“.

извор;nova.rs