Тијана за малку не станала Македонка, Фани требало да се вика Сања: Имињата на познатите

Добивај вести на Viber

Една од работите што нè следи цел живот е името. Секое има посебно значење кое во најголем дел ја опишува личоста која го носи. Изборот, пред сè, зависи од желбата и вкусот на родителите, но порано не било така. Секогаш поизвикани се оние имиња кои ги носат личности кои се занимаваат со јавна професија. Меѓу нив и познатите од македонската музичка сцена кои имаат интересни приказни.

Ламбе Алабаковски е еден од неколкумината на естрадата кој има православно, но специфично име. Потекнува од Харалампиј, а било планирано за постариот брат на Алабаковски. 

- Дедо ми Ламбро не сакал тој да го носи неговото име и моите родители ја испочитувале неговата желба. Сепак, по седум години кога се родив јас веќе било неизбежно - откри тој. 

Популарниот пејач имал вистинска авантура пред неколку години на фестивалот „Голден стаг“ во Романија кога морал постојано да објаснува дека не настапува со уметничко име, туку со вистинското.

Пејачката и диџејка Фани Христова името го добила по баба ѝ. Открива дека требало да се вика Сања. 

- Тоа било желба на сестра ми затоа што во тој период многу популарна била пејачката Сања Долежал од „Нови фосили“. На крај пресекол татко ми и одлучил да бидам крстена по баба ми по мајка. Си го сакам името, а кога почнав почесто да пуштам музика во странство луѓето мислеа дека ми е уметничко. Кој диџеј би се крстил „смешен“ - на шега коментира Христова.

Александар Тарабунов гордо го кажува неговото име уште од најрана возраст. Крстен е по баба му која се викала Александра. 

- Кога бев мал татко ми ме учеше кога ќе ме прашаат како се викам да кажувам Александар Тарабунов Македонски - раскажа Тара.

„Кума“ на Тамара Тодевска е нејзината постара сестра, а во една прилика пејачката откри дека Тијана првично било планирано да се вика Македонка.