Тина Кунаки ја „фрли“ Венеција на колена: Сопругата на Винсент Касел во најнеобичните сандали кои ќе ги видите, тој пак достојно ѝ парираше (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Актерката избра многу ефективни парчиња.

Актерската двојка Винсент Касел и Тина Кунаки прошетаа на црвениот тепих на 79. Меѓународен филмски фестивал во Венеција. Тие двајца позираа пред фоторепортерите и пленеа со љубов и сексапил.



Винсент избрал да облече прилично едноставни парчиња, односно беж костум кој совршено му стоел , а кој го искомбинирал со тегет блуза и црни чевли кои одлично се вклопија во целосниот изглед.



Сепак, сите погледи беа свртени кон дваесет и петгодишната актерка Тина Кунаки, која избра да облече многу интересен фустан во кој изгледаше повеќе од совршено.



Имено, фустан со интересен крој кој целосно ја истакнува сексипилноста на актерката, секако е парче кое придонесе сите објективи да бидат вперени кон нив. Фустанот Alaïa со змиски принт на Тина во кафена боја, кој има интересен детаљ околу вратот, успеа да ја истакне извајаната фигура на актерката.



Поради кројот на горниот дел, нејзините раменици се во преден план, што придонесе сите да се восхитуваат на нејзиниот изглед, а од друга страна, за да создаде рамнотежа, Тина избра да носи црни чорапи кои совршено одговараат на фустанот и додаде многу интересни чевли со проѕирна пета со неверојатна форма.


Како ви се допаѓаат нивните комбинации?


Извор: glossy

Фото: Инстаграм Screenshot