Тој е прогласен за најсекси маж на светот за 2022: Актерот конечно ја освои титулата, откако претходно две години му „побегна“

Американскиот актер Крис Еванс ја освои титулата за најсекси маж на светот за 2022 година

Американскиот актер конечно ја освои титулата која му „побегна“ пред две години! Чекањето вредеше. 

Магазинот People секоја година прави избор на најсекси момци на светот, а овој пат првото место го зазеде 41-годишниот Крис Еванс.


Откако беше прогласен за победник на шоу програмата „The Late Show“, публиката почна гласно да свирка и да аплаудира, а несомнено е дека Крис освои најмногу аплаузи од жените. Сепак, тој потоа и се обрати на својата мајка, нагласувајќи колку е среќен што ѝ го разубавил денот со освојувањето на оваа титула.

„Мама ќе биде многу среќна. Таа е горда на се‘ што правам, но ова е нешто со што навистина може да се пофали", изјави Крис, кој пред две години ја „испушти“ ова титула.



Да потсетиме дека магазинот People уште тогаш сакаше да го награди популарниот актер со ова признание. Сепак, решиле да почекаат најмалку една година откако актерот објавил фотографија од гениталиите на интернет. Во 2020 година, Крис изјави дека сè се случило случајно и дека само се обидувал да објави видео на Инстаграм.


Иако успеа многу брзо да ја избрише експлицитната фотографија, веќе беше доцна - неговиот пенис го преплави Твитер и другите социјални мрежи и фотографијата за многу кратко време стана вирална. Велат дека кога еднаш ќе се најде на интернет, нема враќање назад, но ниту овој настан не го спречи Крис да ја освои секси титулата.

Крис стекна голема популарност со улогите во телевизиските серии, но во интервју за People откри дека после 22 години решил повеќе да ужива во слободното време. Тој се обидува да помине што е можно повеќе време со своето семејство во Бостон.


Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot

Видео: Youtube