Тој е сон на секоја жена: Овој хороскопски знак е најдобар сопруг
Иако сите имаме различни вкусови, желби и очекувања, сепак сите на крајот сакаме да се омажиме со некој кој ќе ни биде верен, ќе нè сака и ќе биде покрај нас.
Според астролозите положбата на планетите на одреден хороскопски знак има значајно влијание врз карактерот на една личност.
Па така, мажот кој е роден во хороскопскиот знак Бик, се смета дека како сопруг ги има најдобрите особини од сите знаци во Зодијакот. Постојат некои описи кои го претставуваат Бикот како неморален, но тоа е само во исклучителни ситуации кога има силна потреба да го задоволи својот физички живот. Инаку, тој е кроток, добродушен и верен. Никогаш нема да запостави својот дом и семејството поради каков било интерес. Тој ги обожува сопругата и децата, поради што дава сè од себе за да им ги обезбеди најдобрите услови за живот. Овој тип на маж најчесто се жени со девојка која има подобар материјален и социјален статус од него, затоа што се раководи од амбицијата да успее да се пробие во повисоките друштвени и општествени кругови. Венера му дава исклучителна смисла за убавина, што допринесува за тоа Бикот секогаш за себе да бара убава и згодна жена. Тие обожаваат другите да зависат од нив и сакаат да чувствуваат дека тие му даваат сè на своето семејство. Кога еднаш ќе се ожени, Бикот најтешко се разведува.