Тончи Хуљиќ не ја крие гордоста и среќата, се огласи по венчавката на Хана и Петар Грашо: Изгледавме како „риалити семејство“
Тончи Хуљиќ откри како се чувствувал на свадбата на својата ќерка и како се чувствува откако се таа омажи со неговиот долгогодишен соработник и пријател.
Тончи Хуљиќ не ја криеше гордоста и среќата на свадбата на својата ќерка Хана и долгогодишниот соработник Петар Грашо, а по венчавката откри неколку детали за тоа како го поминал времето на венчавката.
„Среќен сум што венчавката се одвиваше во прекрасна атмосфера и што беше интимна вечер со луѓе кои ги познаваме цел живот, со некои од нив триесет, четириесет години и кои ни ги одбележаа животите. Бевме педесетина и тоа беше важен момент за целото наше семејство. Лично би сакал да им се заблагодарам на сите медиуми, на момент се однесувавме како „риалити“ семејство што секако не сме. Сега е време да се свртиме кон нормалниот живот и нашите деловни обврски. Се надевам тој интерес за приватно сега целосно ќе стивне“, изјави Тончи за Јутарњи лист.
Хана и Петар се венчаа во црквата Свети Доминик во Сплит пред најблиските членови на семејството, пријателите и кумовите, од каде отидоа во популарен ресторан покрај морето. Таму ги пречекаа бројни сниматели и фотографи кои им посакаа се најдобро, а младенците им се заблагодарија.
„Ви благодарам на сите од се срце“, рече Петар додека тој и Хана влегуваа во ресторанот.
foto: printscreen instagram