Тони Цетински: Едвај ја преживеав пандемијата, со сопругата штедиме и живееме скромно
За време на гостувањето во „Радио Далмација“, Тони Цетински раскажа како се справувал со пандемијата, кога музичарите не одржуваа концерти поради епидемиолошките мерки.
- Едвај преживеав. Тоа не е финансиска работа бидејќи мажот после 30 години кариера се навикнува да штеди. Јас и жена ми го немаме тој начин на живот, што на луѓето надвор може да им се чини дека на сцената се живее нешто гламурозно. Живееме доста скромно и нормално, ништо поразлично од еден нормален човек.Се трудиме да не трошиме на глупости“, изјави пејачот.
Тој вели дека едвај чекал да патува нормално. Имено, Тони минатата година стана дедо, а со својот внука редовно се слуша преку видео повици.
- Сега само го чекам вистинскиот момент да одам во Берлин. Тие живеат во Берлин и се уште не сум ја видел во живо. Ја гледам секој ден преку видео повици, играме што се може најмногу преку тие телефони и контактираме , но морам да одам во Берлин, морам да се упатам таму и да ја гушнам. Тогаш ќе ви кажам како е чувството.
Засега мислам дека е исто како да одиш кај некој да му објасниш како е да се биде родител. Тоа никому не можеш да му го објасниш додека тој не стане родител- заклучи Тони.
Извор: www.index.hr