Топ 5 трендови за оваа пролет: Со овие парчиња ќе изгледате модерно
Модата доаѓа и поминува, а како што се менуваат и сезоните, се менуваат и модните парчиња кои ги сакаме и обожаваме да ги носиме.
Оваа година има многу повеќе трендови. Одамна се подготвуваме за пролетната мода и новите модни комбинации за пролет/лето.
1. Сатен и чипка
Сатенот и чипката ги има насекаде. Може да ги видите на маица, здолниште, по обувките и панталони. Во некои случаеви, овие матријали може да се комбинираат заедно и на тој начин оставаат впечаток. На жените им е омилени сатенските здолниште кои ќе се носат и по пролетта.
2. Украси за коса
Веќе не е важно да имате само добра фризура, туку и да имате украси: марама, шешир, капи, кои нема да може да ги избегнете оваа пролет. Покрај тоа што се модерни, овие додатоци може да ви го поправат целокупниот изглед.
3. Животински принт
Животинскиот
принт секогаш е тука, но оваа пролет ќе го достигне врвот на својата
популарност. Тој најмногу е застапен на обувките, ташните и марамите, но и
фустаните со тигарски принт оваа пролет ќе биде популарен.
4. Виолетова боја
Светло виолетовата боја ќе ја облежи пролета, но и летната сезона. Ќе се носи насекаде, но омилени ќе бидат капутите и елеците во оваа боја.
5. Плетени ташни
Плетените ташни ќе бидат популарни оваа пролет. Потполно романтични, но и модерни.