ТОП ПРИЧИНИ: Зошто е подобра жената од мажот
Дознајте топ работи по кои жените се разликуваат од мажите и зошто животот поради тоа им е полесен и поедноставен.
Некои се резултат на статистика, некои просто и се „закон на природата“, а некои се шегобијни.
-Статистички гледано, на жените почесто им се „простуваат“ сообраќајните казни и слични престапи.
-По оргазам на мажите им е потребен одмор, а жените може да доживеат неограничен број оргазми.
-На жените поретко остануваат без изговори за однесување и во караниците изнесуваат повеќе аргументи.
-Жените не мора да се грижат околу загубата на коса, додека ќелавоста ги мачи повеќе од 70 отсто од мажите над 30 години
-Помалку се потат од мажите
-Живеат подолго
-Повеќето жени имаат подобар моден вкус од мажите
Во просек, на жените им е полесно да „дојдат“ до секс, односно да пронајдат партнер
-Имаат поголема толеранција на болка
-Може да се напијат побрзо и поевтино од мажите
-Жените може да се гушкаат со пријателките, а околината да не се посомнева во нивната сексуална ориентација
-Може да носат фустани, што во лето е исклучителна предност
-Почесто завршуваат факултет и во просек се подобро образовани
-Може да си ги дупнат увата и да ја фарбаат косата како сакаат без чудни погледи
-Жените меѓу првите се спасуваат од бродови кои тонат, вели една англиска статистика
-Жените може да ги заплашат машките шефови со набројување на гинеколошки проблеми кои не ги разбираат
-Може да прашаат за насока, а да не се чувствуваат неспособно за тоа
-На жените желбата за секс им се зголемува со стареењето, па не се грижат дали партнерот ќе ги доживее како „слаба“ и „стара за секс“
-Околината жената која плаче ќе ја доживее како емотивна, а мажот како „слабак“
-Жените имаат бесплатна психотерапија во облик на пријателка
-Ниските жени се слатки, додека за ниските мажи се мисли дека имаат „Наполеонов комплекс“
-Од жената не се очекува се да знае сама да поправи
-Имаат подобри комуникациски вештини
-Истражувањата покажале дека жените имаат 15 отсто поголема веројатност дека ќе преживеат несреќа
-Жените кои не се спортски талентирани во друштвото поради тоа не се исмејуваат
-Ако имаат големи уши, жените тоа полесно можат да го прикријат
-За да зборуваат искрено за своите чувства, жените не мора да се напијат
-За жените купувањето облека е забава
-Жените не мора да повикаат први, бидејќи од нив тоа и не се очекува
-Способни се истовремено да пеглаат, телефонираат и гледаат ТВ
-Жените ја знаат вистината дали и колку е величината важна, додека мажот секогаш ќе биде во дилема
-Од жената не се очекува да носи тешки предмети
-На жената нов кармин може да и го разубави денот
-Од жените не се очекува да подаруваат цвеќе, туку само да примаат
-Жените созреваат порано од мажите, додека некои мажи никогаш не дојдат до тој стадиум и вечно остануваат незрели
-Не се чувствуваат како кукавица ако одбијат физичка пресметка
-По правило добиваат старателство над малите деца по развод
-Знаат каква катарза донесува плачењето
-Тие се поубавиот пол!
Ако се согласувате барем со едно од овие тврдења споделете го текстот со вашите пријателки!