ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕТЕ: Најважните принципи на секоја диета

Добивај вести на Viber

Прво правило кај било која диета е да запомтите дека притеините и мастите се ваш „градежен материјал“, тие ви се потребни секое утро, и не смеат да се исфрлат од исхрната.

Јаглехидратите се енергија. И тие не може да се исфрлат од исхраната бидејќи исто така му се потребни на телото. Доколку тие не се доволни, телеого согорува протеини кои ја намалуваат енергијата.

За да го изгубите вишокот килограми, потребно е да го намалите количеството на јаглехидрати, додека мастите и протеините може да ги конзумирате во умерени количини. Можно е да се намалат и мастите, но благо, бидејќи тие се потребни за женските хормони.

Спиењето за слабеењето е многу важно - минимум 7-8 часа. Во ноќта се произведува хормонот на раст кој е одговорен за топење на масти. Доколку доволно спиете, брзо ќе ја изгубите тежината.

Почести оброци во мали порции се најефикасни. Јадете 5 пати дневно во редовни интервали: 3 главни јадења (појадок, ручек, вечера) и 1-2 ужина.

Пијте вода 10-15 минути пред оброци или 30-40 минути по оброк.

Дневникот на исхрана го забрзува губњето тежина три пати.

Фитнес без избалансирана исхрана и намалени калории - не функционира!

Се надеваме дека овие совети ќе ви бидат од корист доколку сакате да го изгубите вишокот килограми!