Тренерките се новите фармерки: Французинките демонстрираат 5 начини како да ги носите и да изгледате модерно оваа есен (ФОТО)
Нема да претераме и да кажеме дека Французинките целосно ги надминаа фармерките бидејќи знаеме дека тие ќе останат нивна вечна класика. Сепак, уличниот стил од улиците на Париз, исто како и социјалните мрежи на инфлуенсери, зборуваат во корист на фактот дека тренерките се враќаат на модниот престол.
Можеби пандемијата нѐ расипа премногу со слободното време поминато дома, па едвај чекавме есен и можност повторно да се вовлечеме во најудобните парчиња. И она што е удобно не мора да значи дека не е стилски, па време е да го инфилтрирате овој тренд и во вашиот стил. Извадете ги тренерките од плакарот, но и од кутијата „само за патување“ или „само за трчање“ и играјте по линијата на Французинките.
Ако играте на сигурно, изберете тренерка во комплет и облечете сако, а доколку сакате да експериментирате, комбинирајте ги со ефективен џемпер и потпетици. Еве 5 начини да носите тренерки како француските дами!
1. Тренерки + сако
Дали работите креативно и дали ви е дозволено да одите во канцеларија во секојдневно издание? Облечете тренерки, нагрнете црно сако и со ниски чизми и нема да сакаш да заврши работниот ден.
2. Тренерки + штикли
Ако работите во компанија каде важат построги правила за облекување, „маскирајте“ ја облеката со тренерки со потпетици, сако, накит и добра фризура. Црните тренерки во оваа комбинација ќе изгледаат како широки црни панталони и ќе бидат целосно погодни за деловни состаноци.
3. Шушкави тренерки + очила
Кога ќе дојде викендот, време е за оние домашни облеки што ги сакаме најмногу. За секогаш да изгледате стилски, без оглед дали одите во најблиската продавница или во градот на кафе, одберете тренерки која не се од памучен материјал и дополнете ги со добри очила за сонце.
4. Тренерки + кроп џемпер
Комбинацијата на некомпатибилно може да испадне добро кога најмалку очекуваме. Комбинирајте тренерки со неутрална нијанса со кроп џемпер во ефективна боја за уживање дома. А кога излегувате надвор - додајте добар пар патики на оваа облека.
5. Комплети од волна
Волнени, кадифени, ребрести - проширувањето на таквите шик тренерки не стивнува, и тие се особено добар избор за оние кои не сакаат спортски стил, но секогаш сакаат да изгледаат елегантно.
Фото:инстаграм