ТРЕТА ДОЗА НА ВАКЦИНА ЌЕ СЕ ДАВА ОД ПОНЕДЕЛНИК: Препораката е за луѓе над 60 години и за сите граѓани со имунокомпромитирана состојба

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека од понеделник на сите вакцинални пунктови ќе може да се прима третата доза од вакцината против ковид-19. Рече дека критериумите и препораките кои ги даваат се врз основа на искуства од други земји и врз основа на препораки на меѓународни организации и врз основа на тоа, кај нас трета доза ќе може да примат повозрасните граѓани над 60 години, како и сите останати без разлика на возраста луѓе со имунокомпромитиран систем и за здравствените работници.

-Третата доза ќе биде од производителот Фајзер, без разлика со која вакцина претходно се вакцинирани граѓаните. Исто така, третата доза од вакцината според нашите препораки ќе се дава на лица кои се најмалку 6 месеци вакцинирани. Во земјава има доволно вакцини и тоа на сите вакцинални пунктови. По вчерашната пратка од 100.000 вакцини Фајзер, сега вкупно од овој производител има 250.000 дози, 50.000 Синовак и 100.000 дози Астразенека, истакна министерот Филипче.


Деталите читајте ги на Фактор тука.