Третман на уринарни инфекции
Во секојдневната уролошка пракса една од најчестите патологии се секако уринарните инфекции на долниот уринарен тракт. Притоа најзастапен е т.н. цистит предизвикан од бактеријата Escherichia coli и тоа со поголема застапеност кај сексуално активната женска популација. Други ризични групи на пациенти се постара и слабо подвижна популација, бремени жени, жени во менопауза, како и мажи со бенигна хиперплазија на простата (БХП). Обично циститот се јавува како резултат на пад на имунитетот најчесто при: преладување , стрес, дијабет, бременост итн. Вообичаен ризик е и незаштитен полов однос, хируршки интервенции на урогениталниот тракт или постапки на катетеризација и цистоскопија.
Циститот има типични, лесно препознатливи
симптоми:болка и печењепри мокрење
кое оди доста тешко, болка во долниот дел на стомакот веднаш
над срамната коска, болка при сексуален однос, итност при мокрење
и зачестено мокрење, хематурија, матна и темна урина со
непријатен мирис. Во ваква ситуација на пациентите им се советува соодветен хигиенодиететски режим кој подразбира : одмор, внесување на најмалку 2 литра вода дневно, комплетно празнење на мочниот меур со мускулна масажа, мокрење по секој полов однос и хигиенско
бришење (од напред према назад). Корисни може да бидат и додатоци во исхраната
на база на Д-маноза и специфични пробиотици (S.Boulardii)
кои се врзауваат за бактеријата Escherichia
coli и по механички пат ги
намалуваат нејзините концентрации во мочниот меур со што се намалуваат
непријатните симптоми. Овие додатоци се безбедни за употреба во период од 1
недела до 6 месеци и значајно ја намалуваат појавата на рецидиви а може да се
користат и паралелно со антибиотската терапија. Во случај на силно изразени симптоми, повторливи инфекции и/или позитивен
антибиограм со над 100,000 единици бактерии во мл. урина,
задолжителна е употреба на антибиотици. Иако традиционално се користеа стандардни антибиотици со широк спектар
(пр.амоксицилин+клавулонска киселина) и уроантисептици (пр.нитрофурантоин) во поново време се користат
специфични антибиотици за уринарни инфекции, а пред се фосфомицин поради
ефикасното и прецизно делување на причинителите во уринарниот тракт, ниската
појава на резистенција и можноста за еднократна примена што значајно ја
подобрува соработката на пациентите.
Антибиотската терапија може да се унапреди со паралелна употреба на соодветен пробиотик кој меѓудругото ќе ги намали и несаканите ефекти (дијареа).
Др.Димо Коцев, специјалист по урологија
*ПР објава