Три бои за коса ќе ја одбележат годината: Овие нијанси максимално ќе ја истакнат вашата убавина
Како што истакнуваат
професионалните фризери, овие три бои за коса ќе бидат вистински хит оваа
година
Како и секоја година досега, така и оваа ќе биде обележана со широк спектар на најубави тонови - од најсветлите, платинести, преку возбудливи црвени до длабоки, кафени нијанси.
Платинесто руса
Ако сакате многу светла коса и се стремите кон поладни тонови, вистинскиот избор за вас е секогаш шик платинесто плава. Тоа е еднообразна нијанса, без допир на сиво, што е покарактеристично за сиво-русата коса. Одлично изгледа и на подолга и на кратка коса, а најгламурозно на трендовската боб фризура. Оваа нијанса има еден недостаток? Тешка е за одржување.
Медено руса
Да се биде русокоса без премногу светла, изветвена коса е возможна благодарение на медено-русата нијанса, која се постигнува со техника позната како honey sweep. Суптилна и топла, оваа нијанса рефлектира посебен златен сјај, давајќи му на лицето нежен и заводлив изглед. Бидејќи e универзална, оваа боја може да се носи во текот на целата година, а најдобро од се‘ е што е нијанса која одговара на сите.
Чоколадо кафена
Кафеавата и понатаму останува најдоминантна нијанса кога е бојата на косата во прашање, а оваа година нема да може да ѝ одолееме на нејзината луксузна и интензивна чоколадна верзија која буквално не тера да се топиме. Благодарение на овие адути оваа боја несомнено ќе биде омилена оваа година, особено во зимската сезона. Многу гламурозно.
Фото: Инстаграм
Фото насловна и Видео: Youtube - Jessi • JZ Styles