Три фустани на Сека Алексиќ кои ова лето ги сакаме во својот гардеробер (ФОТО)
Познатата пејачка, која е позната и по промената на имиџот, ова лето воодушевува со својот моден избор, особено со фустаните кои на некој начин го гушкаат женското тело и го истакнуваат најдоброто.
Сека Алексиќ не ги следи слепо модните трендови. Таа знае што и стои убаво, па летово имаше грст добри стајлинзи, а око ни привлекоа три фустани кои можеме да ги замислиме да ги носиме со штикли но и со рамни обувки, балетанки...
1. Леопард принт
Миди фустан во препознатлив дезен е совршен избор за оние денови со посилен карактер, кои по секоја цена сакаат да се издвојат од толпата.
2. Керамида црвена
Фустанот во оваа боја е задолжително парче во гардеробата на секоја жена.
3. Најмодерна боја на сезоната
Да, зелената боја го достигна својот врв оваа година. Откако минатата година брендот Bottega Veneta објави зелени додатоци во оваа боја, жените полудеа по оваа речиси заборавена боја.
фото: Инстаграм