Животна училница // Приказни
Три генерации: Татјана Стојановска ги покажа синот и мајка ѝ (ФОТО)
- 24 Октомври, 2021
ТВ-презентерката и поранешна официјална македонска убавица, Татјана Стојановска на својот профил на Фејсбук објави фотографија на која е во друштво на мајка ѝ и син ѝ.
„Три генерации“ - напиша таа.
Имено нејзината мајка Катерина е модерна госпоѓа која изгледа одлично на нејзини 67 години, а по фотографијата може да заклучиме дека гените за убавина, водителката дефинитивно ги наследила од својата мајка.
Синот пак, кој водителката го има со музичарот Благоја Грујовски, Матеј, има 23 години. Татјана ретко објавува фотографии со него, а во јавноста не се знае многу за неговиот приватен живот.