Три годишно девојче сакало куче, па родителите посвоиле питбул, а потоа следела драма: Детето никогаш повеќе нема да може да се насмее

Тригодишната Емили имала преголема желба да има куче

Но, кога нејзините родители конечно го исполниле нејзиниот сон и посвоиле нешто што изгледало како слатко куче од засолништето, се случила страшна трагедија. Животното агресивно се нафрлило на лицето на девојчето и почнало бесно да го влече тригодишното девојче, предизвикувајќи ѝ катастрофални повреди.

Во средината на март, родителите на тригодишната Емили Рорк од Слајдел, Луизијана (САД) го оствариле големиот сон на девојчето. На задоволство на детето, во нивниот дом се појавил пресладок питбул по име Татер Тот. Но, не поминало ниту ден откако кучето било посвоено од прифатилиштето, а се случила страшна трагедија.

Како што опишува мајката на тригодишното дете, на 16 март Емили „нежно го галела“ миленичето кога тоа одеднаш реагирало агресивно и се втурнало во лицето на девојчето. Животното го каснало и го фрлало девојчето лево-десно, нанесувајќи ѝ монструозни повреди.

„Кога кучето почна да ја фрла, таа дури и не испушти звук. Нејзиното тело се опушти. Во тој момент само помислив дека нема да го преживее ова, дека ќе умре. Не знаев како да ѝ помогнам. Не можев да го тргнам кучето од неа. Продолжив да врескам“, изјави уништената мајка на Емили, Ребека Болин за Daily Mail.

„Таа нема да може да се насмее“. 

Девојчето било пренесено во болница, каде лекарите и ги сошиле раните на лицето. Емили претрпела сериозно оштетување на мускулите околу устата и под окото, поради што биле потребни повеќе конци.

Лекарите велат дека нема да може да се насмевнува, ниту да јаде со едната страна од устата, а најверојатно и солзавците се оштетени“, вели мајката на три деца.

По бруталниот напад кучето било успиено.


Фото и Извор: најжена