Три хороскопски знаци кои ќе раскинат до крајот на август

Добивај вести на Viber

ЈАРЕЦ

Таман што ќе помислат дека пронашле нова љубов, ќе бидат исправени пред сериозни предизвици. Припадниците на овој хороскопски знак многу тешко ги забораваат поранешните партнери, многу често живеат во минатото и на тој начин не знаат да уживаат во моментите кои понекогаш се и пресудни за нивната среќа. Така ќе биде и овојпат.

БИК

Тие се големи емотивци и ним љубовта и семејството им се на прво место, но имаат проблем со рационален поглед кон нештата, па често се фаќаат во замка и епилогот е раскинување на врската. Треба особено да бидат внимателни на љубовен план во наредните две недели.

РАК

Оние кои се во тазе врска ќе бидат разочарани од партнерите. Не сите, но многумина од нив. Она што го идеализирале долго време ќе се распадне како меур од сапуница. Најдобро ќе биде да не се впуштаат во нови авантури до крајот на овој месец.