Три хороскопски знаци кои се вљубуваат во погрешни личности: Нивниот емотивен избор е вистинско фијаско
Склоноста кон вљубувањето во личности кои не го заслужуваат тоа е особено изразена во младоста...
Не е реткост да ни се допаѓаат личности со кои е тешко да се оствари љубовна врска на долга стаза, посебно додека сме млади и додека немаме јасен увид во тоа што е вистинска љубов.
Како што тврдат астролозите, припадниците на три хороскопски знаци се посебно склони да прават погрешни емотивни избори - секој од различни причини.
# Овен
Личностите родени во овој огнен знак често се вљубуваат „на прв поглед“. Многу е лесно да се заведе, воодушеви и наведе Овенот за после еден состанок да помисли дека ја пронашол личноста со која ќе го помине целиот живот.
Иако не се вбројуваат во наивните хороскопски знаци, Овните се брзоплети и лесно ја губат главата, бидејќи се склони кон мечтаење. Токму тие карактеристики ги наведуваат да направат погрешна проценка кога станува збор за изборот на партнер.
Но, кога ќе ја сретнат личност која ќе умее да го поддржи нивното мечтаење и во исто време да ги држи на земја, Овните може да бидат сигурни дека ја пронашле вистинската „втора половина“.
# Лав
Кога ќе запознаат личност која делува мистично и неосвоиво, а со тоа и физички активна и успешна на работа, Лавовите лесно ќе ја „изгубат главата“. Ќе тргнат да освојуваат и нема да се откажат додека предметот на нивната желба не биде во нивната прегратка.
За жал, Лавовите често наидуваат на личности кои само глумат дека се тешки за освојување. Она што наизглед го нудат е она што всушност го бараат од Лавот - мистерија, статус во општеството и материјална благосостојба. Додека да се освети Лавот, веќе ќе биде длабоко разочаран, бидејќи ќе се чувствува искористено и измамено.
# Риби
Личностите родени во овој воден знак се вљубени во самата љубов, а со тоа се и големи сонувачи, па не им е тешко да пронајдат личност на која ќе ѝ ги препишат наубавите особи и без двоумење ќе за се заљубат во неа. Исто така, тие се склони кон платонски љубови.
Од друга страна, Рибите се неверојатно несигурни, па често се случува да се заљубат во личност која ќе им покаже ронка наклонетост, не влегувајќи подлабоко во причините поради кои ја покажуваат. Кога ќе сфатат дека „тоа не е тоа“, Рибите долго тагуваат во тишина.
Во желбата никој од нивното опкружување да не биде несреќен, Рибите ќе ја „истурат“ целата љубов на овој свет пред личноста која е во некој проблем - во лош брак, во деловна криза... Но, за жал, често наидуваат на емотивни манипулатори, кои само ја користат нивната добрина и желбата да сакаат и да бидат сакани.
Она што Рибите ги разликува од другите знаци кои најчесто прават погрешни емотивни избори е потребата за одмазда. Можеби нема сами да се подрудат да им го „закорчат животот“ на оние кои ги предале на љубовен план, но секако ќе уживаат кога ќе дознаат дека личноста која ги изневерила од некој друг го добила она што го заслужува.
фото: unsplash.com