Три месеци по породувањето: Екс мисицата Евгенија Марковска гордо го покажува своето тело

Поранешната мисица Евгенија Марковска гордо го покажува своето тело откако пред три месеци се породи. Таа на Инстаграм сподели фотографија како изгледала пред три месеци а како изгледа денес. Разликата е минимална.

Неодамна за Женски магазин, Евгенија, ги сподели нејзините тајни ритуали за убавина.

Во однос на тоа како ја одржува витката фигура, Марковска истакна дека пред се внимава на здравиот начин на исхрана и редовно вежба.


-За мене е многу важен здравиот начин на живот пред се за себе, но и да бидам пример на моите деца. Наместо да се фокусирам на бројките на вагата мојот фокус е да изгледам здраво и тонирано. Диети не применувам. Внесувам разновидна, но балансирана исхрана и секако редовна физичка активност. Вежбам фитнес пет пати неделно, а кога времето е убаво сакам да го поминам во прошетка во природа, кажа Евгенија за Женски магазин.

Евгенија на Инстаграм сподели фотографија и од бебето.


Фото: Инстаграм/Официјален профил Евгенија Марковска