Пред огледало со Евгенија Марковска: Бројките на вагата не се мој фокус, практикувам балансирана исхрана и физичка активност
Евгенија Марковска е поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ од Битола. Има учествувано на многу модни ревии, а освоено и повеќе титули на разните избори за убавина. За Женски магазин, Евгенија ги откри ритуалите за убавина кои ги практикува.
* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?
Дневниот козметички ритуал ми започнува наутро со миење на лицето со ладна вода, потоа тонирање и на крај дневна крема. Шминка не користам секој ден, но доколку сум користела најважно ми е навечер добро да го исчистам лицето од шминката и потоа нанесувам ноќна крема и серум за лице. Два пати неделно користам маска за лице.
* Со какви препарати го негувате лицето?
За нега на лицето користам германска козметика Rosa Graf, ги користам подолг период и сум многу задоволна.
* Посетувате ли козметички салони?
Козметички салони посетувам многу ретко. Најголемиот дел од работите поврзани со нега ги правам сама дома на тој начин се релаксирам и покрај обврските во текот на денот знам дека сум направила нешто и за себе.
* Кои производи ги употребувате за нега на коса?
-За нега на коса ги користам производите на Pantene и Loreal.
* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?
-Како мајка на мали деца често имам ноќи без спиење така што најчесто со шминката сакам да ги прикријам подочниците и уморот околу очите. Со шминката најмногу ги истакнувам усните и секогаш користам црвен или кармин во темно розева боја.
* Кои се Вашите омилени козметички производи?
-Од козметиката најважно ми е пудрата да е квалитетна. Омилени ми се производите на Maybelline, Rimmel како и маската за лице од камилица од козметиката на Rosa Graf.
* Што носите секогаш во Вашиот несесер?
-Во мојот несесер секогаш има кармин, маскара, огледалце, крема за раце и секако мојот омилен парфем.
* Омилен парфем?
-Моментално омилен парфем ми е Opium, Yves Saint Laurent
* Како ја одржувате линијата?
-За мене е многу важен здравиот начин на живот пред се за себе, но и да бидам пример на моите деца. Наместо да се фокусирам на бројките на вагата мојот фокус е да изгледам здраво и тонирано. Диети не применувам. Внесувам разновидна, но балансирана исхрана и секако редовна физичка активност. Вежбам фитнес пет пати неделно, а кога времето е убаво сакам да го поминам во прошетка во природа .
Ирена С.