Три модели на јакни и капути без кои нема тренди зима 2023/4: Во нив ќе изгледате неприкосновено и на минус (ФОТО)

Доколку не сте сигурни кој модел на сако или капут да го купите, нема да погрешите со овие предлози...

Иако есента 2023 година е сè уште прилично топла, доаѓаат постудени денови, па затоа е неопходно добро да се подготвите за новата сезона.

Секако, освен удобноста и топлината, при изборот на нова јакна или капут, не е лошо да се следат трендовите и советите на искусните трендсетерки, а не е невозможно да се спојат сите параметри во еден достапен модел кој привлекува внимание на улица!

Во моментите кога ги сортираме капутите и полесните палта во плакарите, треба да најдеме модел кој е вечен и се издвојува од толпата и обезбедува се што ни треба за да не заштити кога времето надвор е постудено, особено наутро и навечер.

Иако во модниот фокус на претходните сезони беа претежно преголемите кроеви, сега е време за оние кои ја слават женската фигура и ја истакнуваат да се вратат на сцената (иако пошироките модели секако остануваат во тренд).

Доколку сѐ уште не сте сигурни кој модел да го купите, погледнете три модели на палта и јакни кои ќе бидат неспорно тренди оваа зима:

Јакна со крзно


Крзнените јакни се многу тренди, топли и практични, а може да се комбинираат на безброј начини. Тие се шик, малку предимензионирани, но со соодветна гардероба можат да бидат совршено пропорционални со вашата силуета. Можете да ги носите со чизми „челзи“, со чизми до колена, со широки и тесни панталони или здолништа... Буквално во сите варијации!

Кратки ватирани јакни


Тие се и топли и удобни и тренди. Некогаш може да ги направат оние кои не се баш витки малку пошироки, но доколку се грижите за остатокот од стајлингот, тоа дефинитивно нема да биде така. Најдобро е да се носи со монохроматски остаток од облеката, на пример, црни тесни панталони и црни чизми, „челзи“ чизми или чизми до глужд со блок на пета.

Капути со ремен

Капутите со ремен никогаш не излегуваат од мода, го истакнуваат струкот, визуелно создаваат фигура на песочен часовник... Сепак, најдобро е да инвестирате во малку поскапи модели, со што поголем процент на волна.






ФОТО: Инстаграм/Пинтрест