Три породувања и совршена линија: Кејт Хадсон има едноставна тајна
Кејт Хадсон има 35 години и е мајка на три деца, но може да се пофали со фигура на 25-годишна девојка. Нејзината тајна е едноставна, па доколку го следите примерот на атрактивната холивудска актерка, идеалната тежина ви е загарантирана.
- Се’ во мојот живот е добро избалансирано, затоа и имам добар живот. Кога сум на работа давам се’ од себе, но и кога уживам, тоа го правам максимално. Никогаш работата не ја носам дома. Тоа време е резервирано само за мене и за моето семејство. Истата стратегија ја користам и за храната. Мојата диета е многу избалансирана - открива Кејт.
Актерката признава дека се обидува да не се откажува од ништо и да не си создава притисок кога се килограмите во прашање.
- Не ми е важно дали ќе ослабнам за една недела или ќе ми треба цел месец. Важно ми е да стигнам до целта, каква и да е. Се обидувам да бидам активна, иако да бидам искрена, прошетките ги сакам многу повеќе од вежбањето во затворени простории. Калориите се топат и со пешачење, а немам чувство дека сум вежбала, па за мене ова е одлична опција - раскажува актерката.
Хадсон има свои правила, нејзин режим на исхрана кој вклучува три главни оброка и две ужини. Шест дена избегнува благо, но недела ѝ е ден за слатки задоволства. Води сметка да внесе доволно протеини, но и јаглехидрати. Одбива комплетно да елиминира било која група на намирници. Главно, ја конзумира истата храната, со тоа што кога сака малку да ја намали тежината, ја намалува и дозата.
- Балансот е клучот за секој успех, па и кога се работи за килограмите - заклучува таа.