Три работи кои Џеј Ло никако не ги внесува во организмот: Сите се прашуваат која е тајната на нејзиниот изглед

Џенифер Лопез има 52 години и понатаму важи за една од најзгодните пејачки, а за сето тоа се заслужни напорните тренинзи и правилната исхрана.

Сигурно многумина мислат „Лесно ѝ е на неа, таа е Џенифер, ги има сите пари на овој свет“.

Како што откри неодамна, најмногу сака да грицка овошје и зеленчук кои секогаш ги носи со себе. Според пишувањето на „Womanshealthy“ кога е во Лос Анџелес, тренира со Трејси Андерсон, кој е позант по тренинзите со познатите како Гвинет Палтрој. Во Њујорк вежба со Дејвид Киршнер. Двата тренири имаат потполно поинаков пристап кон тренингот, па така пејачката секогаш се занимава со различни вежби и предизвици.

Имено, скоро сѐ што Џенифер внесува во организмот е од органско потекло. Вообичаениот ручек ѝ е составен од лосос и салата, која е богата со зеленчук. Брокули, пиперки и тиквици се дел од нејзината омилена мешавина, додека кељот го сака со семки од бадем и сирење.

Бидејќи секогаш има повеќе од еден проект на ден, таа мора да води сметка за ужинките.

Џенифер никако не си ги дозволува следните три работи: цигари, алкохол и кофеин. Во специјалните прилики кога треба да пие кафе, секогаш бира безкофеинско.