Три рецепти за здрави летни пијалоци: Освежете се со бозел, мента или ѓумбир
Свежо исцеден сок од лимон или лимета измешајте со друго сезонско свежо овошје, листови од мента-нане, бозел и шеќерни сирупи претворете ги во нова волшебна верзија. Искористете и парчиња зеленчук, свежа краставица или целер или пак коренот на ѓумбир, кои ќе ги испасирате во блендер со парчиња цел лимон. Исцедете, разредете со вода и засладете.
Сируп од бозел, портокал, рузмарин, липа, лаванда, вишна, јагода, се само некои кои може да ароматизирате со класична лимонада и да ја зачините со освежителни ароматични листови на зачинска билка. Кафениот шеќер заменете го со мед односно додајте стапче цимет, рендан ѓумбир или прстофат мелена лута пиперка.
Наместо обична студена вода уште подобро ќе биде ако измешате сода или минерална вода. Ваквите освежувачки „моктаили“ без додаток на алкохолни „капки“ може да конзумирате во текот на целиот ден. Искористете лимонова кора, листови од мента, млада корпива и бозел за ароматизирање на обичната вода. Ставете свеж целер, ѓумбир и билка, оставете во ладилник додека не испуштат арома, прецедете ја течноста и послужете со коцки мраз.
За освежување во топлите месеци најдобри се босилекот, мента, мајчина душица и рузмарин. Комбинирајте босилек со јагоди, мента со малини и дини, бозел користете со лимонада, а со рузмарин во пијалоците со праски или црни бобинки. Искористете некои трикови на коктел мајсторите, како мраз на ситни парчиња, замрзнати боровници или друго овошје пред да ги ставите во пијалокот.
Девствено мохито
Состојки: 4 лажици кафеав шеќер, 3 лимети, dl минерална вода, 5 dl тоник, мента, дробен мраз, лимета за послужување.
Подготовка: Лиметата исецкајте ја и исцедете сок. Измешајте во блендер шеќер и лимета, се додека шеќерот не се стопи. Со прсти малку згмечето ја ментата, па и неа стевете ја во бокал. Додајте мраз, прелијте со минерална вода, тоник и послужете во поголема чаша со парчиња лимета.
Сок од бозел со ѓумбир
Состојки: 2 лимети, ѓумбир, целер, мента, листови од млада коприва, 8 dl вода, dl минерална вода, 1/2 dl сируп од бозел.
Подготовка: Издробете го целерот во блендер со помали парчиња ѓумбир. Додајте сок од исцедена лимета, и прелијте со обична вода. Измешајте сируп од бозел, листови од мента и коприва. Оставете некое време во ладилник, па прелијте со изладена минерална вода и рендан мраз.
Лимонада со краставици
Состојки: сок од 2 лимони, dl сируп од лимета, помала свежа краставица, 8 dl вода, листови од мента.
Подготовка: Краставицата исецкајте ја на парчиња. Прелејте со вода и оставете некое време додека не испушти арома. Исцедете ја течноста и измешајте со сируп од лимета, лимонов сок и листови мента. Послужете добро изладено.