Труднички стомак и заљубени погледи: Хана Хуљиќ и Петар Грашо ги привлекоа сите погледи на роденденот на Северина

Добивај вести на Viber

Популарната пејачка Северина Вучковиќ во еден ноќен клуб во Загреб го прослави својот 50-ти роденден, а на забавата присуствуваа членови на нејзинито семејство и пријатели.

Северина своите најдраги ги собра со повикот „Од самрак до зори“, но нејзините пријатели беа задолжени за организацијата на забавата.

„Тоа се мои луѓе, луѓе кои ги собирав низ животот, и мислам дека сум богата“ - кажа Северина за хрватската телевизија Нова пред забава, која тамошните медиуми го опишуваат како прослава на годината.

На забавата присуствуваа многу познати личнсти, а помеѓу најзапазените беа пејачот Петар Грашо и Хана Хуљиќ, една од двојките која привлече најголемо внимание изминатите месеци. Младиот пар, кој моментално го чека своето прво дете, биле одлично расположение и многу елегантни, а хрватските медиуми се воодушевени од изгледот на убавата трудница Хана.

Со својата необична и традиционална венчаница и бел фустан во кој потоа се пресобелече, Хана Хуљиќ веќе покажа дека преферира ретро стил, а тоа го потврди и со фустанот кој го носеше на роденденот на Северина.

Во прашање е едноставен миди фустан со класичен дизајн, бел со црни точки, во стилот на 40-тите и 50-тите години на минатиот век.

View this post on Instagram

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)


фото: Принтскрин / Инстаграм