Туна Сејди е тренди мама со хит комбинации: 5 модни избори кои ќе сакате да ги копирате
Пејачката Туна Сејди е секогаш оргинална и верна на својот препознатлив стил и ги следи трендовите на светските музички ѕвезди. Својата оригиналност, таа ја негува откако се појави на музичката сцена, во музичкото шоу „Плеј-потрага по ѕвезда“ со нумерата „Најди ден, најди ноќ, најди време“. Сними повеќе песни на македонски јазик, а се натпреваруваше и на националниот евровизиски избор со песната „Прашувам без глас“ пред комплетно да се повлече од македонската естрада.
Сега Туна е посветена мајка на синовите Tиaн и Зен, кои ги има од бракот со Патрис Бериша. Дека е тренди мама и модна инспирација за многумина докажуваат нејзините објави на Инстаграм. Затоа ние ви предлагаме 5 нејзини модни избори кои сигурно ќе посакате да ги ископирате, бидејќи се вистински моден хит за периодов додека сè уште има пониски температури и малку сонце.
1. Необична металик креација за смели дами
Комбинација од „oversized“ палто и панталони во боја со металик отсјај, искомбинирана со мала чантичка и бели високи потпетици.
2. Класична црна модна комбинација
Комбинација од сако и сензуално здолниште со чипка, искомбинирано со удобни кожени обувки, исто така во црна боја.
3. Фармерки и џемпер- комбинација што никогаш не излегува од мода
Необични дезени за комбинацијата на џемпер и фармерки, и едни од најкоментираните сандали меѓу трендсетерките.
4. Впечатлив зебра дезен
Комбинација која е пример за елегантен уличен стил. Впечатливиот зебра принт ќе направи да бидете веднаш забележани каде и да се појавите.
5. Кежуал спортска комбинација
Плетените сетови на џемпер и панталони се омилена комбинација на многу модни инфлуенсерки сезонава. Топол и удобен моден избор.
*Р.Ж.М