На Туна ѝ годи мајчинството: Пејачката во топ форма ужива на одмор

Добивај вести на Viber

Пејачката Туна Сејдиу неодамна стана мајка по втор пат а дека ужива во оваа улога докажуваат фотографиите на социјалните мрежи.

Туна честопати споделува интимни моменти од приватниот живот со нејзините синчиња а деновиве уживаше и на летен одмор покажувајќи дека е во топ форма.


Туна се прослави во музичкото шоу „Плеј-потрага по ѕвезда“ со нумерата „Најди ден, најди ноќ, најди време“. Сними повеќе песни на македонски јазик, а се натпреваруваше и на националниот евровизиски избор со песната „Прашувам без глас“ пред комплетно да се повлече од македонската естрада.


Туна е ќерка на поранешниот олимписки борач Шабан Сејдиу. Со нејзинот сегашен партнер Патрис ги има синовите Тиан и Зен кој деновиве наполни два месеци.