Турскиот актер има сѐ што може да посака една жена: За ваков маж сонуваат
Кај нашата популација турските серии се во тренд. Нашите мајки и баби редовно ги следат актуелните серии кои се емитуваат, но почнаа да ги гледаат и од помладата генерација и сето тоа поради младите, но и убави и шармантни актери.
А еден од нив е и Бариш Ардуч (37). Овој преубав актер кој не шармираше во серијата „Вљубениот ерген“ (Киралик Ашк) е роден и израснат во Швајцарија. заедно со уште тројца браќа и сестри. Иако корените на татко му се од Албанија, во одреден момент се преселиле во Турција, каде што завршил основно и средно образование, во неколку градови, пред да се насели во Истанбул. Откако ја запознал театарската уметница Ајла Алган, се заинтересирал за глума, а потоа почнал да се појавува во бројни серии.
Најголема популарност му донесе серијата „Вљубениот ерген“.
Активно се занимавал со спорт, што може да се заклучи од неговиот изглед, па се запишал на Спортската академија, но ја напуштил бидејќи не можел да се адаптира. Барис дури осум години работел како спасител на турската федерација за подводни спортови.
Покрај тоа што е убав и згодем, тој е и многу хуман, па поддржува многу социјални проекти. Најчесто тоа се дејствија кои го поддржуваат лекувањето, но и акции за животните.
Сепак, информацијата дека е во среќен брак ќе разочара многу девојки. Имено, тој бил во врска со колешката Гупсе Озај четири години, пред да се венчаат, а со неа има дете.
Фото: ИнстаграмИзвор: Ona.telegraf.rs