Турскиот заводник во центарот на вниманието со скандал: Бали Бег ја изневерува сопругата со позната холивудска актерка?

Бурак и неговата сопруга Фахрије ја освоија публиката со турските серии во кои често глумеа вљубена двојка. Сега се зборува дека во бракот не им цветаат ружи. Како што наведуваат турските медиуми, актерот не успеал да одолее на шармот на америнската актерка со која моментално снима филм.

Најубавата турска двојка во последно време се наоѓа во центарот на вниманието поради проблемите и семејните скандали. Се зборуваше дека прво во депресија бил Бурак Озџивит поради „синдромот на прегорување“ и само што се опорави, Фахрије доживеа тежок удар кога по повеќегодишната борба со ракот почина нејзиниот татко. Бидејќи била многу поврзана со него, оваа загуба многу ја допре актерката, пишува „Лепа и сречна“.

View this post on Instagram

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit)


Немала сила да се грижи ниту за нивниот син Каран, се повлекла во себе и не успевала да се избори со тагата. Заедно успеаја да го победат ова големо искушение, но изгледа дека во нивниот однос се појави нов предизвик. Имено, како што пишуваат босфорските медиуми, сопружниците моментално се соочуваат со наголема криза, бидејќи Бурак на снимањето на трилерот „Masha's Mushroom“ се зближил со 45 - годишната актерка Тара Рид, која ја игра главната улога во филмот.

Како што наведуваат изворите од сетот помеѓу нив постои силна хемија, а девојката чиј идентитет не е откриен кажала дека ги видела како разменуваат нежности во гардеробата.

„Се заврши снимањето, па отидов да ги соберам своите работи. Ги уловив како се бакнуваат во гардеробата“ - откри таа.

Обожавателите на познатата двојка не веруваат во оваа приказна.

„Не верувам во оваа приказна. Па, погледнете ја Тара и погледнете ја Фахрије. Се сомневам дека Бурак ја изневерува својата сопруга со неа“ - напиша една обожавателка.

Тара Рид своевремено беше една од најголемите холивудски ѕвезди, а редовно беше во друштво на Парис Хилтон и Ким Кардашијан. Таа драстично се промени од времето кога глумеше во „Американска пита“. По одлуката да оди на липосукција нејзиниот живот потполно се промени. Операцијата не заврши добро, а од неа никогаш не се оправи во потполност.

View this post on Instagram

A post shared by Tara Reid (@tarareid)


Извор: stil.kurir.rs

фото: Profimedia