Турунџиева: Моите деца не знаат како изгледа некој кој е татко

Водителката Сузана Турунџиева, со искрена објава се сети на својот покоен татко, кој почина пред 25 години. Таа вели дека за жал нејзините деца, Матеа и Лора немале можност вистински да се запознаат со улогата на таткото.

Таткото на Сузана, Васко, почина пред 25 години 

„ Во едно сончево мартовско утро (наспроти сите наши молитви) засекогаш не напушти човекот кој многу го сакаше животот, природата, ги сакаше животните, луѓето, особено децата... Мојот татко Васко... После него зборот ТАТКО не беше веќе општа именка...За жал, во моето племе таа именка (со текот на настаните) прејде во апстрактни именки... И тоа траеше, и траеше...Иронијата на сето ова мораа да ја доживеат прво моите внуци, а подоцна и моите деца. И да замислуваат како треба да изгледа некој кој е татко. 

Му благодарам на животот што ни го даде Филип, кој нѐ потсети што значи да се биде ТАТКО...Лора ќерко, ти си допрена од Бога што Јаков има татко како Филип...Ви благодарам за љубовта што ја имате, и што го вративте во употреба најдефицитарниот збор во нашиот семеен речник“, напиша Турунџиева.

Турунџиева со ќерките, Матеа и Лора 

Пред повеќе од еден месец, Сузана Турунџиева стана баба. Откако нејзината ќерка Лора го роди Јаков, таа за „Женски магазин“ изјави дека нејзината ќерка е голем херој и оти со раѓањето на внукот, почнува нов, убав период за целото семејство.

Турунџиева пред четири ипол години го загуби сопругот Марјан, таткото на нејзината помала ќерка Матеа која има речиси девет години. 

Лора има 19 години е ќерка на поранешниот пливачки ас, Александар Маленко.