„Тужна ја наша улица од када ниси ту“: Вечер Скопје ќе ги пее најголемите хитови на Аки Рахимовски

Фото: SASA HUZJAK

„....Тужна ја наша улица од када ниси ту

Јер тужну песму пјевају они што остају...“ ... вечерва ќе одекнува на Градскиот плоштад во Скопје.

Сограѓаните, пријателите и обожавателите на легендарниот Аки Рахимовски ќе ги пеат неговите најголеми хитови и на тој начин ќе го испратат, ден пред неговиот погреб во Загреб.


Последното збогум , кое е во организација на Радио бубамара со поддршка КЛС Саунд и Град Скопје, Скопјани на Аки ќе му го кажат на Градскиот плоштад, кај тревникот пред „Пелистер“ а таму од 13 часот ќе биде отворена и книга на жалост. Ќе се положуваат цвеќиња, ќе се палат свеќи во чест на Аки ...

Од 18 до 19 часот, вечерва е планиран големиот собир кога хорови, како и пејачи и пејачки ќе изведат некои од најголемите хитови на „Парни ваљак“.