Убавица: Ова е жената со која Рики Мартин помина 11 години - пред јавно да се декларира како геј (ФОТО)

Иако знаела дека нејзиното момче не е со стрејт сексуална ориентација, убавицата не обрнувала внимание на тоа, а нивната врска била толку сериозна што во еден момент очекувале бебе.

Познатиот американски пејач со порториканско потекло Рики Мартин (50) беше миленик на публиката од почетокот на кариерата, а во текот на деведесетите беше тешко да се најде девојка на светот која не беше воодушевена од неговиот изглед и танцовите потези.

Многумина беа изненадени кога пејачот по долгогодишни врски со жени реши да „излезе од плакарот“ и да се декларира како хомосексуалец.

Да потсетиме, Рики Мартин на 29 март 2010 година на својата официјална веб-страница објави дека е хомосексуалец.
- Со гордост можам да кажам дека сум среќен хомосексуалец. Благословена сум што сум јас – едноставно изјави пејачот тогаш.

Ова одекна како бомба во медиумите, првенствено затоа што Рики со години имал врски со девојки, а со мексиканската водителка и модел Ребека де Алба имал долга врска која траела дури 11 години. А подоцна тој објасни дека никогаш не ги измамил своите партнери.

- Сексуалноста е комплицирана работа, не е се црно-бело, таа е исполнета со бои. Додека излегував со жени, бев заљубен во нив. Се чувствував добро, се чувствував убаво... Не можеш да ја лажираш хемијата што ја чувствуваш со некого, хемијата беше присутна. Не измамив никого - изјави Рики Мартин за People пред некое време.

Ребека де Алба и Рики отсекогаш се труделе да ја задржат приватноста за себе, но толку големата љубов не можела целосно да се сокрие, па во неколку наврати зборувале и јавно за нивната врска. Години по раскинувањето и признавањето на пејачот дека е геј, Ребека во едно интервју зборуваше за тоа како изгледало се' меѓу нив во најсреќните моменти.

View this post on Instagram

A post shared by Rebecca de Alba (@dealbarebecca)


- Бевме блиски пријатели и така се заљубивме, точка. Тој целосно се предаде. Отсекогаш сме биле заедно... Рики не е ни малку несигурен. Не знам како да ви опишам... Кога се разбираш целосно, во се', не мора ни да се трудиш да бидеш среќен со партнерот. Не треба да ги преиспитувате работите, да го проверувате, да следите што прави - рече еднаш Ребека.

View this post on Instagram

A post shared by Rebecca de Alba (@dealbarebecca)


Двојката се запознала во 1994 година, а Де Алба еднаш истакнала дека неколку пати во животот била бремена, но не можела да ја износи бременоста. Како што тогаш истакнала, една од тие бремености се случила за време на нејзината врска со Рики, кој пак во 2008 година со помош на сурогат мајка ги доби синовите Матео и Валентин, а потоа ќерката Лусија и синот Рено.

Иако биле на прагот на брак, Ребека изјавила дека не била изненадена кога нејзиното поранешно момче, со кое ја прекинала врската во 2005 година, се изјаснило како геј.

 – Веќе знаев. Понекогаш се прашувам зошто е важно дали сум знаела или не. Зошто е важно ако личноста во која сте лудо заљубени е со различна сексуална ориентација, ако ве почитува и ви е верен? Зошто е важно дали е геј? Важно е што направил, што ти дал, зошто да е тоа важно? - изјави Де Алба.


Рики Мартин во едно интервју зборуваше за новинарката како своја најголема љубов и ја нарече совршена жена, а потоа нивната врска ја спореди со љубовната приказна на Салвадор Дали и неговата сопруга Гејл.

- Имав девојка, во тој момент бевме заедно девет години, таа за мене беше она што Гала беше за Дали. Ја имав оваа неверојатна жена. За жал, веќе не разговараме, но таа беше неверојатна, беше моќна и ме разбираше. Таа знаеше дека сум геј, но бевме заедно - рече Рики.

Ребека и денес е вистинска убавица.


Неодамна истакна дека жали што порано не се декларирал како геј.

 извор:GLOSSY

Има 50 години и тело од соништата: Кога се појави во Кан, сообраќајот запре! (ФОТО)

Додека жените губеа глава по нив, тие љубеа мажи: Ова се мачо типови за кои никогаш не би помислиле дека се хомосексуалци