„Убавицата и ѕверот“: Албанската пејачка во Кан дојде со „шлиц до заби“ и новото момче-ја „распнаа“ во коментари (ФОТО)
Дуа Липа, по потекло од Албанија, која пораснала и се школувала во Велика Британија, важи за една од најголемите млади поп-музички ѕвезди. По два многу успешни албуми, особено по „Идна носталгија“, Дуа се здоби со статус на поп принцеза. Таа се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал заедно со нејзиното ново момче, францускиот режисер Ромен Гаврас.
Дуа Липа (27) и Ромен Гаврас првпат беа видени заедно во Лондон на забава во февруари годинава. Ова е нивно прво јавно појавување заедно откако се дозна дека се во емотивна врска.
— Pop Tingz Backup (@ThePopTingzz) May 19, 2023
Двојката дојде да ја поддржи премиерата на филмот „Омар Ла Фрејз“ (Кралот на Алжир). Дуа на црвениот тепих се појави во црн фустан со длабок шлиц и исечок во пределот на рамената.
Пејачката никогаш не била позната по изборот на добри модни парчиња, па просечното издание не е изненадување. Многу поизненадувачки беа коментарите на Твитер на популарните страници „Pop Crave“ и „Pop Thingz Backup“ каде корисниците не штедеа зборови.
„Каде го најде“, „Добро, можеби е смешен човекот“, „Личи на дедо ми“, „Тоа е нејзиното момче? Мислев дека и е татко“, „Нема шанси ова да е вистина“, „Јас имам премногу прашања“, „Дуа и нејзиниот спонзор“, „Па, таа го избра него“, „Господине, изгледа малку стар“, се само дел од 2.000 коментари под фотографиите.
Режисерот Ромен Гаврас (41) зад себе има четири кратки филмови, еден документарен и три наградувани играни филмови. Потекнува од филмско семејство бидејќи е син на грчкиот режисер Консантинос Гаврас.
Како и неговата нова љубов, Дуа потекнува од музичко семејство, а нејзиниот татко бил популарен пејач во Албанија.
ФОТО: Инстаграм/Твитер