Учениците ќе се распуштаат во предвидениот термин: Нема поместување на зимскиот распуст, состојбата со КОВИД-19 е стабилна
Тринеделниот зимскиот распуст ќе биде во редовниот период, согласно календарот на МОН, нема потреба од негово поместување зашто состојбата со КОВИД-19 и натаму е стабилна.
Министерката за образование на наука Мила Царовска изјави дека доколку состојбата драстично се промени поради ризикот со омикрон и ако во други сектори се донесат други, како што рече, драстични мерки за ограничување, МОН тогаш има одговорност да ги разгледа тие факти и аргументи и заедно со Комисијата за заразни болести ќе донесе одлуки што ќе бидат во интерес на учениците и на заштита на јавното здравје.
Во изјава за медиумите Царовска истакна дека наставата со физичко присуство, која се спроведува од септември како најпосакувано од трите подготвени сценарија, покажува одлични резултати.
Продолжува овде на Фактор.мк