Ултра-провокативен, а сензуален фустан: Кралицата Летиција ја „стави на колена“ Барселона со својот изглед
Шпанското кралско семејство завчера заедно присуствуваше на меѓународните награди на фондацијата „Принцезата од Жирона“ во Барселона, а кралицата Летиција уште еднаш докажа дека има беспрекорно чувство за стил.
Шпанската кралица блесна во сведено, елегантно издание кое покажа дека помалку е повеќе, но и дека малите детали можат да направат голема разлика!
Летиција избрала прекрасен морнарски фустан со миди должина, едноставен и во исто време воодушевувачки, кој одлично и прилега на нејзината витка фигура и ја истакнува женственоста.
Но, еден заводлив детал особено го привлече вниманието - тоалетата беше украсена со голо рамо, но во форма на шлиц кој се граничи со синџир од блескави бисери. Толку софистициран и елегантен додаток, нели?
Познатата 49-годишна дама го комплетираше изданието со сандали во тегет боја со отворена потпетица и дискретни блескави обетки во форма на ѕвезди. Таа ја крена косата нагоре во богато, високо опавче, а ни се допадна и нејзината шминка - малку посилна од вообичаено.
фото: Инстаграм Screenshot