Ултра чоколадна торта: Овој вкус е нешто најблиску до магија
Нешто најчоколадно што некогаш сте го пробале!
Потребни состојки за две кори:
250 грама шеќер ;
160 грама брашно;
50 грама какао;
1,5 лажичка сода бикарбона,
1/2 ќесичка прашок за пециво;
1 помала жолчка;
1 јајце;
170 грама рикота сирење;
60 грама масло;
130 грама топла вода или млеко;
1 ќесичка есктрат од ванила.
Потребни состојки за фил:
225 грама путер;
40 грама какао;
580 грама шеќер во прав;
70 грама рикота сирење;
1 ќесичка екстрат од ванила;
прстофат сол.
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 175 ° С. Измешајте ги шеќерот, брашното, какаото, содата, прашок за пециво и солта. Во друг сад изматете ги јајцето и жолчката, рикотата, маслото и ванилата додека сѐ не се соедини убаво. Додадете ја оваа смеса во сувите состојки и нежно мешајте, потоа додадете ја топлата вода или млекото и повторно мешајте додека не се изедначи смесата. Поделете ја смесата на два еднакви дела, истурете ја во калапи со дијаметар од 18-19 сантиметри и печете 30-35 минути.
Изладете ја кората околу 10 минути, а потоа отстранете ја од калапот. Доколку е потребно, користете голем нож за да го израмните горниот слој на кората, така што површината ќе е рамна. Ако немате две калапи, можете прво да ја печете едната кора, а потоа другата. За да го подготвите филот, мешајте го целосно омекнатиот путер околу три минути. Додадете ги какаото во прав и шеќерот во прав. Оваа количина на шеќер е неопходна за да се постигне текстурата. Додадете ја ванила и сирењето рикота и мешајте уште неколку минути.
Ако филот е премногу редок, додадете малку повеќе шеќер, и ако е премногу цврст, додадете малку повеќе рикота - по една лажица додека не добиете совршена текстура. Ова е количината на фил е сосема доволна за целата торта, не штеди на неа, можеби и малку ќе ти остане. Распоредете прво една кора, намачкајте многу фил, ставете ја другата кора и премачкајте ја тортата од сите страни. Пред да го конзумирате, исечете го колачот и оставете го на собна температура за да отстои, бидејќи така е многу посочен и покремаст.
фото: Shutterstock
* ПР - објава