Упропастена свадба

Добивај вести на Viber

  Сè изгледаше прекрасно. Дворот беше уреден со благ спектар на бои со цветни декорации, ружи, розе-виолетови, кои прелеваа во сина, од сина во крем, па во бело-црвено. Ние одевме облечени во бело-крем нијанси, а гостите во модерни и свечени тоалети. Матичарите веќе привршуваа кога се појавија на вратата од дворот двајца инспектори и двајца полицајци. Миле, татко му на Стив, стоеше на страна, и веднаш штом ги виде, нечујно им се приближи. Тивко прозбореа. Дворната врата беше поставена зад грбот од луѓето, кои седеа на столици, така што не ги видоа инспекторите и полицајците.

  На матичарите не им се брзаше. Тие си ја вршеа својата работа прецизно и полека. Нè прогласија за маж и жена и свадбената церемонија заврши. Официјално јас и Стив бевме прогласени за маж и жена. Веднаш оркестарот почна да свири валцери. Ние почнавме први да играме. Потоа се придружија и други кон нас да играат.

  Инспекторите и полицајците заедно со Миле ни се приближија. Почнаа да зборуваат, но Миле им рече да влезат внатре, а јас и така не сум дел од ова, да не ме мешаат, подобро да останам надвор. Елена влезе со нив. И реков да ми каже што се случува. Таа излезе по неколку минути.

  Ме викна со нервозен поглед и јас се приближив кон неа: „Вики, сè тресам, многу сум нервозна. Личи ли ова на свадба?“, и продолжи: „Ноќеска влегле в болница тројца мажи од бандата што ја нападнале Леа. Додека се качувале и пребарувале низ собите, некоја млада болничарка случајно ги забележала и ѝ се виделе некако сомнителни нивните лица. Претчувствувајќи дека ќе се случи нешто лошо, се охрабрила и брзо креветот на Леа го однела накај операциона сала. Во собата наместила друг празен кревет, импровизирала глава со ќебиња и ги известила полицаецот и обезбедувањето. А тие пак, им скроиле план, се тргнале и кога напаѓачите влегле в соба и мислеле дека е Леа во креветот, почнале да го бодат со ножеви, но полицаецот и обезбедувањето ги заклучиле во собата. За кусо време дошле поголем број полицајци и ги уапсиле напаѓачите“.

  Елена зеде една чаша вино да наздрави и потоа дополни: „Затоа, инспекторите дојдоа овде бидејќи се сомневаат дека некој може и овде да нападне. Тие ќе останат до крај на веселбата, безбедносните камери се вклучени. Приквечер Стив треба да оди во полициска станица за да се обиде да ги препознае и идентификува напаѓачите. Ќе одат заедно со Емили“.

  Се трудев да бидам што повеќе присебна. Ја ислушав, ништо не ѝ одговорив, само се оддалечив од неа, насмевнувајќи им се љубезно на гостите. Тие сами се служеа од пиењето и со храната, играа и се забавуваа. Сигурно и тие забележаа дека се случува нешто.

  Потоа дојде Стив. Сакаше да ми раскаже, но го прекинав и му кажав: „Елена ми раскажа. Ова е наш ден и мораме да останеме присебни до крај на веселбата. Што и да кажам, веќе губи смисла. Ајде, сега да ѝ се посветиме на веселбата. А за некој час ќе видиме што понатаму“.

  Стив зеде чаша вино и ја испи наеднаш. До нас се приближи Емили со нејзината провокативна насмевка. Таа беше облечена повеќе за некоја коктел-забава. Со тесен фустан со шлиц и длабоко деколте, кој повеќе откриваше отколку што покриваше. Му се насмевнуваше на Стив и ги вртеше очите на секој збор. Кокетирањето и безобразното однесување не можеше да ги прекине ни денес, на ваков свечен чин...

  Не можев да ја гледам и се завртев кон Кире и брат му на Стив, Џон. Двајцата се трудеа да бидат весели, но не им успеваше со нивниот вештачко здрвен поглед.

  Кога почнав да одам на курс по јазик и фитнес, се запознав со Кико, Коста, Ричард, Елизабет и Патриша. Кико и Коста потекнуваа од нашите краишта, беа малку постари и работеа. За брзо време, не цели два месеци, се здруживме и ги чувствував како да дел од мојата фамилија. Кога ги поканив на свадба, беа навистина радосни и прифатија да дојдат. Утрово подготвувајќи се ги заборавив, но се изненадив кога видов од вратата влегува прво куп балони, а зад него мојата дружина. Ме избакнаа сите заедно. Стив погледнав го немаше. Ги повикав Кире и Џон да ги придружуваат додека да го најдам Стив.

  Влегов во куќата да видам да нè се таму. Отидов накај спалната. Се слушаше музика. Кога ја отворив вратата имав што да видам. Стив ја бакнуваше Емили во нејзините напрчени усни. А фустанот и беше тргнат и додека таа се топеше од задоволство, тој ѝ го набиваше курот одзади. Таа се тргна од неговата прегратка и почна да вика: „Ајде, уште подлабоко, стави ми го“. „ Што правите?“, ги прашав. „Придружи ни се“, рече Стив и уште подлабоко влезе во Емили. Тие си продолжија со сексот и Стив почна да свршува. Емили се заврти и почна да го шмука неговиот кур со цела сила длабоко вдишувајќи. „Престанете“, им се обратив и на двајцата и со повисок тон им реков: „Долу има полиција, надвор свадба, а вие што правите? Имате ли вие некакво човечко чувство? Се однесувате како животни“.

   Којзнае колку сум викала. Двајцата се засрамија и почнаа да се средуваат. Потоа им кажав: „Одам долу. Ако не дојдете за пет минути, ќе бидам принудена да ги викнам сите горе“. Ја тропнав вратата и се спуштив долу.

  Само што се симнав, ја донесоа и тортата. Беше прекриена со шлаг во розе-лилава нијанса. Беше на катови, како од филмовите. На врвот имаше поставено фигури од младоженец и невеста. Стив и Емили се симнаа. Ги повикав и пријателите од курс по јазик и фитнес да се запознаат со Стив. Кога се видоа со Коки, се поздравија како стари другари. Заедно оделе в училиште.

  Потоа ја исековме тортата. На сите им исековме од тортата. Дел од гостите веќе заминаа. Кога е намалена способноста за внимание и сите мислат дека е сè готово, се појавија двајца кои донесоа голем украсен пакет и цветен аранжман. Како што бевме собрани околу тортата, ни се приближија и испукаа неколку куршуми кон Стив и кон Емили и избегаа за миг. Се качија во блиндирано возило и заминаа. Се направи хаос.

ТУЃИНКА