Уринарни инфекции, настинка, пад на имунитетот: Последици од недостаток на витамин Ц
Еве во која
храна најмногу се наоѓа!
Витаминот Ц е од витално значење за зачувување на имунолошкиот систем и одржување на здравјето и еластичноста на косата, а неговиот недостаток може да доведе до пад на имунитетот, гингивит и крварење, настинки, како и инфекции на уринарниот тракт.
Витаминот Ц содржи антиоксиданти, затоа е важен во детоксикација на телото, производство на колаген и придонесува за брзо зараснување на раните.
Го чува срцето
Според експертите, постојат докази дека овој витамин спречува развој на кардиоваскуларни заболувања. Едно големо истражување вклучило над 85.000 жени во истражувањето и открило дека внесувањето на овој витамин преку храна или додатоци делува како заштита од корорнарна срцева болест. Други истражувања покажаа дека може да го намали ризикот од срцев удар.
Одличен е за видот
NIH исто така нуди докази дека витаминот Ц може да спречи, па дури и да третира дегенерација на макулата и катаракта, две водечки причини за губење на видот кај постарите лица.
Одлична превенција од настинка
Се верува дека овој витамин го зајакнува имунитетот, но експертите истакнуваат дека не мора да биде толку ефикасен во спречувањето на настинка како што мислиме. Витаминот Ц може да го скрати времетраењето на болеста и да ги ублажи симптомите кај општата популација, објаснува NIH.
Сепак, покрај сите горенаведени, витаминот Ц може да предизвика и некои компликации.
Стомачна болка
Бидејќи витаминот Ц не е токсичен, тој не може да предизвика силни негативни последици по консумацијата, но може да создаде проблеми во гастроентеролошкиот систем, како што се дијареја, гадење и грчеви.
Камен во бубрегот
Постојат некои докази дека високото ниво на витамин Ц може да ја зголеми содржината на киселина во бубрезите и урината, што пак може да влијае на развојот на камења во бубрезите.
Недостаток на витамин Ц се манифестира преку чести инфекции
Подложност на инфекции, слабост, заболување на зглобовите, но и сува кожа на телото, рани кои полека заздравуваат и слично, се само некои од предупредувачките знаци кои ни кажуваат дека треба да го зголемиме внесувањето на овој моќен антиоксиданс.
Првото нешто на што мислиме кога станува збор за витамин Ц се додатоците во исхраната и консумирањето на цитрусно овошје, но добро е да се знае дека калинка, зелка, ацерола, зелен лиснат зеленчук, киви и јагоди се исто така одлични извори на витамин Ц.
Храна која содржи витамин Ц:
Витамин Ц може да најдете во храна како што се чили пиперки, црвени пиперки, зелени пиперки, кељ, брокула, ананас и јагоди.
Можеби ќе ве интересира:
Го чисти дебелото црево, спречува тумори, го намалува шеќерот: Сувото грозје е рајско овошје кое мора да го јадете во зима