ЕПП // ЕПП
Уште еден нов хит на боемското дуо Александар и Дац и дефинитивно песна која ќе биде заштитен знак за престојните празници
По “Цреши охридски”, па потоа “Уште ми фалиш”, тие ја промовираа најновата песна, “химна на љубовта” со наслов “Љуби ме” за која со "Pikado Creative Collective" снимија спот со многубројни учесници.
Што велат тие двајца за новата песна:
“Музика, па текст, па снимање вокали и инструменти, безброј ноќи поминати во студио... Преписки, записки, бришачки, мислите ставени на 100%...Дали да се вика “Љуби ме” или “Улица љубов...” Уф... Екстериер или ентериер? Па многу луѓе, па временска прогноза, сатница... Кадри долги и кратки, крупно и широко...Неспиење, монтажа... повторно во студио...И конечно... “ЉУБИ МЕ”!
Сакајте се ко’ да нема утре и уживајте со Дац и Александар