Уште едно мало чудо од земјотресот: Во Турција бебе старо 10 дена било извадено живо од урнатините (ФОТО)
Не е познато како мајката и бебето успеале да преживеат 90 часа под урнатините...
Момчето кое има само 10 дена е извадено живо од урнатините на една зграда во Турција.
Спасувачите кои го извадиле бебето, веднаш го замотале во термално ќебе. Со него била пронајдена и неговата расплакана мајка, коа спасувачите ја изнеле на носилка поради можни повреди во половината.
Фотографијата од малиот херој ја сподели градоначалникот на Истанбул, Екрен Имамоглу.
Тој наведе дека бебето било 90 часа под урнатините во градот Самадаг, пренесува Би-Би-Си.
Yağız Ulaş bebek sadece 10 günlük. Depremden 90 saat sonra Hatay Samandağ’da annesi ile birlikte enkazdan çıkarıldı. pic.twitter.com/7jjjEXQfiV
— Ekrem İmamoğlu (@ekrem_imamoglu) February 9, 2023
Здравствената состојба на мајката и бебето не е позната, како ни како успеале да преживеат во урнатата зграда.
Медиумите наведуваат дека Јагиз е роден на почетокот на февруари, и дека половина од својот живот го поминал во урнатините.
За потсетување, земјотресите кои ги погодија Турција и Сирија во понеделникот, на 6 февруари, досега однесоа повеќе од 22.000 човечки животи.
фото: Принтскрин / Твитер