Уште колку долго Kовид-19 ќе биде меѓу нас?

Добивај вести на Viber

Англиски експерт објасни уште колку долго можеме да очекуваме коронавирусот да биде присутен меѓу нас, во значителна мера.

Англискиот епидемиолог Крис Вити очекува дека коронавирусот ќе биде присутен, во тој степен во кој е и сега, барем до пролетта 2021 година, и тој верува дека ќе помине долго време пред светот да се ослободи од овој вирус.

- Би бил многу изненаден и воодушевен ако нема да бидеме во иста ситуација во текот на зимата и следната пролет - истакна тој. - Очекувам дека вирусот ќе циркулира во значителна мерка, барем до тогаш, и верувам дека е многу оптимистички да се очекуваат некои големи научни откритија за вирусот во тој временски период.

Повеќе од 9.373.700 случаи на коронавирус се регистрирани ширум светот, а повеќе од 480,000 луѓе починале досега.


извор:glossy.espreso