Отворено со Маја Марковиќ, Зонален менаџер во AVON: Успешните луѓе имаат способност да ги менуваат другите преку сопствениот пример!
Дипломиран градежен инженер кој обожува козметика, маркетинг и продажба. Ги сака парфемите, бидејќи тие стимулираат позитивни мисли и вибрации. На позицијата Зонален Менаџер на Зона 1 (регион Скопје, Прилеп, Кавадарци и Неготино) доаѓа во јануари, 2017-та година. Одблизу со Маја Марковиќ и нејзината приказна за успехот и патот до сопствен бизнис ...
Како за почеток, откриј ни неколку интересни детали за себе ...
Креативна, енергична, спонтанаи голем оптимист.Сакам да го пренесам моето знаење на луѓето и да инспирирам.
Повеќе од 13 години работам во сферата на маркетинг и продажба – полето во кое се чувствувам најприродно и комотно и во кое сметам дека можам најмногу да допринесам. Инаку, по професија сум дипломиран градежен инженер и веројатно сум еден од оние примери кога образованието не е пресудно за професијата, туку најважна е личната мотивација и посветеност. За последниве 2 работи најблагодарна сум на моето семејство - сопругот и синот, без чија поддршка и разбирање немаше да се чувствувам комплетна.
Како започна твојата приказна со AVON? Кој беше пресудниот фактор да започнеш сопствен бизнис?
Долгите години работа во маркетинг и продажба во малопродажба ми овозможија да дознаам некои детали за AVON, а особено интересен момент беше кога дознав дека не е само компанија која врши продажба на кармини и производи за нега на кожа, туку е многу
повеќе од тоа. Дотогаш, не знаев дека AVON е компанија која постои повеќе од 130 години и се залага за убавина, иновација, поддршка на жените и дека има производи кои се продаваат преку 6 милиони активни независни претставници ширум светот. Тоа е навистина една огромна заедница, семејство од кое и јас сум сега дел, на кое се гордеам и безрезервно го поддржувам.
AVON знае како да ги менува луѓето на подобро, да ги научи како да градат самодоверба и како да ги развива лидерските вештини на жените. AVON е индустрија која има позитвно влијание врз луѓето.
Како е да се биде лидер на зона со над 2000 претставници?
Да се биде лидер на тим од луѓе кои на доброволна основа се вклучени во работата и продажбата на AVON производи и заработуваат согласно вложениот личен труд е секогаш предизвик, но и инспирација! Клучните предиспозиции за оваа позиција подразбираат асертивност, упорност, континуирано учење, талент за градење на тим, лична мотивација, тимска комуникација и вештини за поставување и реализирање на цели.
Визијата за развојот на самиот бизнис е исто така многу важна, бидејки тимот зависи од нивниот лидер кој треба да им ги исцрта контурите од патеката по која треба да се движат, да ја посочи насоката и целта, но и да го осмисли начинот како да се стигне до целта. Луѓето се повеќе мотивирани кога лидерот е способен да ја артикулира својата визија заедно со чекорите односно активностите кои потребни за да се постигне тоа.
Градењето на силен тим е полесно кога ги знаете вредностите и целите на секој поединец, како и она што им треба нив од вас како свој лидер.Целосното познавање на вашата организација - внатре и надвор - е од витално значење.
Перцепцијата е уште една особина која може исто така да му помогне на лидерот да биде поефективен во знаењето на потребите на тимот. И на крајот, добрите комуникациски вештини се потребни за секое ниво на бизнис, но лидерите особено треба да поседуваат извонредни комуникациски вештини
Како AVON се вклопува во еден твој типичен работен ден?
Прилично инклузивно, но и динамично … Станувам многу рано, уште во 6 часот изутрина, пред да се разбудат сопругот и синот. Морам да признаам дека ова ми е најубавиот дел од денот - првото кафе во тишина сама со себе, читам вести, го прегледувам списокот на обврски за денот и следните три дена, правам промени доколку има потреба за тоа и почнувам со реализација на испланираното. Немам класична поделба на приватни и работни обврски - претпладне само работа, а попладне само приватни обврски ... Денот ми е искомбиниран и ваквата структура на денот е големо олеснување за завршување на сите обврски. Денот го планирам така што ефективно ја трошам секоја минута, во најголемите гужви низ градот работам на средби, состаноци и проследување на резултати во канцеларија. Токму тоа е предноста на флексибилното работно време! Навечер знам да изгледам некој филм или серија, додека викендите ми се резервирани за семејството и пријателите.
Како се негуваш? Кои се твоите омилени козметички производи?
Убавината подразбира грижа, во моментов е сеуште зима и нашето лице, тело и коса бараат повеќе интензивна, посилна и хранлива грижа. Она што јас сакам во овој период од годината, е маслата за лице Avon True Nutra Effects и за тело Avon Skin so Soft . Маслото ја храни кожата, ја прави сјајна, мека и изгледа здрава.Бидејки не го сакам сјајот на лицето, маслата ги користам во текот на ноќта, а наутро секако го мијам вишокот на себум и сјај од лицето. Еден од омилените производи кој секојдневно го користам е Avon True Мицерална вода – има многу пријатен мирис, лесно и многу убаво ја отстранува шминката и нечистотиите од лицето, потоа тука е Anew Сlinical ноќната маска со хијалуронска киселина како и Anew Reversalist дневниот крем. Омилени ми се производите кои се наменети за нега на кожата. За мене, негувана кожа е здрава и убава кожа, дури потоа на ред доаѓа декоративната козметика.
Што во последно време те направило да се чувствуваш задоволна и горда на самата себе?
Особено сум горда на тимската награда кој ја освоивме заедно со тимот на Македоија и Црна гора во последниот квартал минатата година. Напорно работевме на плановите, успевме во тоа и затоа, јас и останатите Зонални Менаџери од Македонија и Црна Гора заслужено патуваме 5 дена во Прага на крајот од овој месец. Замислете, 8 жени е еднакво на забава, дружење и се разбира - еден ден е резервиран за шопинг.
Што според тебе е пресудно за да се постигне успех во работата?
Вашите лични цели и амбиции можат да бидат индикатор за успешноста на вашиот бизнис. Успехот во AVON е навистина фантастична и инспиративна мисија! За постигнување на долгорочен успех, треба да се биде прецизен во сопствените и тимските следни чекори. За да успеете, треба да бидете подготвени да слушате и да учите од ментори кои се спремни да вé поддржат, научат, мотивираат и охрабрат.
Како за крај, што би сакала да им порачаш на жените од секоја возраст?
Ги охрабрувам да го започнат својот сопствен бизнис, да се придружат на AVON семејството, да учат и да се развиваат. Вештините стекнати овде се нешто што ќе им биде од неизмерна полза во понатамошните животни потфати, без оглед дали AVON ќе им биде само хоби или навистина сериозно ќе решат да се вклучат во бизнисот. Нашите најуспешни AVON претставници се оние кои знаат како да ги менуваат другите преку сопствениот пример, да градат самодоверба и да ги развиваат лидерските вештини на жените околу нив!